МК2025 со Повик за стипендии на талентирани студенти

Организацијата Македонија2025 соопшти дека го отпочнува процесот за прием на апликации во склоп на Фондот за поддршка на талентирани студенти за тековната 2019 година.

„По успешноста на минатогодишниот пилот-проект, Фондот обезбеди средства да помогне на талентирани млади од Македонија во периодот од 2019-2022. Оваа програма, ќе помогне на 10 талентирани студенти секоја година во предвидениот четиригодишен период и ќе го стимулира нивниот развој на професионален и личен план“, велат од Македонија 2025.

Кој може да аплицира?

  • Средношколци со успех 5.00 / студенти со просек над 9.00;
  • Добитници на дипломи и награди во областа на природни науки, компјутерско програмирање и друго;
  • Предност имаат студенти/ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со финасиски приход во семејството под 22.000 денари месечно;
  • За аплицирање за стипендии во текот на наредните години, избраните кандидати треба да одржуваат контиуниран успех и да имаат развој во постигнувањата

Крајниот рок за испраќање на документите е 20-ти март. Апликациите ќе ги разгледува комисија составена од истакнати членови и партнери на Македонија2025.

Повеќе информации за повикот и потребните документи за аплицирање можете да најдете на слединов ЛИНК.