Мистериозното труење во гостиварското училиште предизвика етничка напнатост

За полицијата и медицинските лица сé уште е нејасен инцидентот што се случи во петокот во етнички мешаниот град Гостивар, каде што околу 60 студенти и професори од локалното средно економско училиште, се пожалија на болки и проблеми со дишењето, пишува Балкан Инсајт.

Мистериозното труење во гостиварското училиште предизвика етничка напнатост

Дванаесет од нив беа хоспитализирани, но, неколку часа подоцна, на нивно инсистирање, биле пуштени дома, велат лекарите од Клиничкиот центар во Скопје. Инцидентот набрзо доби етничка димензија, откако се прошири вест дека труењето се случило во втората смена на наставата, кога биле присутни само ученици Албанци.

Некои шпекулираат дека овој настан е поврзан со претстојните претседателските избори во април и дека некој сака да предизвика етнички тензии меѓу македонското и албанското население во земјата.

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, вели дека се работи за сериозен инцидентот, но, дека „нема основа за меѓуетнички тензии“.

Тој, сепак, додаде дека настанот предизвикал загриженост кај Албанците во градот, кои се прашувале зошто се разболеле само албански деца. Бејта ги отфрли шпекулациите дека учениците го лажирале инцидентот.

Во отсуство на официјални податоци, медиумите шпекулираат дека труењето можеби било предизвикано од солзавец, бидејќи многу пациенти на почетокот се жалеле на тешкотии со дишењето и на чуден мирис.

Сепак, шефот на Клиниката за токсикологија во Скопје, Андон Чибишев, изјави дека неговиот тим не нашол ништо сомнително.

„Имаме пациенти кои беа донесени со одредени симптоми, кои беа субјективни. Објективно, не идентификувавме ништо позитивно“, рече тој.

По инструкција на локалниот обвинител од Гостивар, на анализа се испратени примероци земени од пациентите, а властите ги проверија и видео снимките од влезовите во училиштето, за да видат дали дали има некоја сомнителна активност.

И пред овој инцидентот, во изминатите две децении, имаше неколку други случаи на мистериозно масовно труење на ученици Албанци. Во еден таков случај во градот Куманово во 2002 година, околу 200 млади Албанци, повеќето од нив средношколци, се пожалија на симптоми на труење, поради што голем број од нив биде хоспитализирани.

Сепак, властите не успеаја да ја утврдат причината за мистериозната појава која ги потхрани сомневањата дека нивната ненадејна болест е можеби лажирана.

Целиот текст може да го прочитате на Балкан Инсајт.