Мистериозниот Бенкси уловен на камера додека работи

Мистериозниот уличен уметник Бенкси е фатен на камера додека работи. Новите фотографии кои ја прикажуваат личноста во процесот на создавање на дел од познатите дела ги направил неговиот поранешен агент и возач, фотографот Стив Лазаридес, пренесува BBC.

Во текот на изминатите неколку децении, уметноста на Бенкси честопати изразуваше сериозни политички изјави и неочекувано се појавуваа во разни градови низ целиот свет. Лазаридес работеше со Бенкси 11 години и за тоа време, вели тој, го прекршиле секое правило во правилникот, заедно со неколку други закони.

Лазаридес работата со Бенкси ја опиша како „возење“ и рече дека „тој станал само дел [од уметничкиот свет] затоа што Бенкси го катапултирал движењето во стратосферата“.

И покрај светското признание, Бенкси и понатаму останува анонимен, нешто што служи само за да помогне во зголемување на интересот околу неговата работа.

Две негови парчиња се продадени за огромни суми. Неодамна, дизајнот за „Девојчето со балон” се продаде на аукција за 860.000 фунти, иако делото се самоуништи.

Фотографиите на Лазаридес кои го прикажуваат Бенкси додека работи ќе бидат објавени во новата книга насловена „Бенкси уловен”.