Мистериозен тивок протест во Приједор: Девојката која молчи

Мистериозен тивок протест во Приједор: Девојката која молчиЈелена Топиќ има 28 години, завршила два факултета и последните 20 дена молчејќи стои на кутијата на сред градскиот плоштад во Приједор, БиХ.

И тоа е повеќе или помалку, се што се знае за оваа девојка која ги збунува граѓаните и која пред две години во локалниот медиум е претставена во циклусот „млади и успешни“. Таа е дипломиран економист која тогаш била при крајот и со другите студии, на отсекот филмска и ТВ режија на Академијата за уметности во Бања Лука.

Од друга страна за своите моментални постапки кои ги вклучува стоењето на плоштадот и гледање во една точка во тишина, што почна во почетокот на октомври, не се знае ништо.

Таа одбива да комуницира со медиумите или минувачите, но се претпоставува дека е во прашање личен протест поради невработеноста во земјата. Понекогаш во протестот и се придружуваат и минувачите, во една прилика и на главата имала картонска кутија, а понекогаш со себе носи транспарент на кој стои дека таа гласно моличи или дека никој не би ја чул и ако проговори.