Mистериозен перформанс со фискални: Жители на Војводина не можеа да го препознаат својот град

Ноќта, помеѓу петокот и саботата, група млади лица го „украсија“ центарот на градот Кула во Војводина со километри долги ленти од искористените ролни од фискални сметки.

Младите ги искористиле овие ролни наместо новогодишни украси. Материјал за несекојдневниот пост-празничен перформанс непознатите сторители нашле зад објектот на локален маркет, каде во контејнери завршиле двомесечните залихи од фискални.

Според сведоците на настанот, перформансот почнал во раните утрински часови по затворањето на локалната дискотека.

„Лудницата траеше еден час, а полицијата дојде дури откако момците завршија со украсувањето, па можеа само да ја фотографираат глетката за спомен“, вели очевидецот Томи Тамаш од Кула.

Сепак, освен оние кои се враќале од ноќните журки, жителите не можеа да ги видат резултатите од несекојдневниот празничен декор бидејќи на негово отстранување работниците од комуналното претпријатие работеа се до утрото, пишува Блиц.