Miss Kittin во Скопје на 7 мај

Француската диџејка Мис Китин (Miss Kittin) ќе има свој настап на 7 мај во Скопје, во Младински културен центар.

Caroline Hervé, позната како Miss Kittin, е француска пејачка, диџејка и продуцентка која по завршените студии по уметност, решава да се занимава со диџејство и продуцирање музика.

Таа се прослави со „Frank Sinatra“, заедно со продуцентот „The Hacker“, во 1998 година. Како познат светски диџеј зад себе има три албуми, а е позната по тоа што ги отвори ширум вратите за жените диџеи.

Нејзините музички сетови се составени од најдобра и најнова хаус продукција, хаус класики и андерграунд техно.