„Мисли на глас“: Перспективата на младите во Македонија

Перспективата на младите во Македонија е темата на која дискутираме во втората епизода на серијалот веб-дискусии „Мисли на глас“, утре во 14 часот, на фејсбук страницата на Радио МОФ.

Гости во студиото на Радио МОФ се магистрантот Стефан Алексиќ, Александра Филипова од Националниот младински совет на Македонија, Петар Ниновски од Брејнстер и Весна Иваноска од Сивус едукативниот и развоен центар.

Со нив ќе разговараме за тоа зошто младите во земјава тешко доаѓаат до квалитетно вработување и кои се пречките за развивањето на нивниот претприемачки дух. Ќе направиме споредба со можностите во западноевропските земји и ќе разговараме и за решенија со кои младите би ја гледале својата иднина во Македонија, а не надвор од неа.

Дискусијата „Мисли на глас“ е втора од серијалот од три дискусии посветени на младите и е направена во рамки на иницијативата „Зачекори напред“.