Мисисипи ја легализираше дискриминацијата врз ЛГБТ лицата

Гувернерот на Мисисипи, Фил Брајант, во вторникот потпиша закон со кој религиозните групи и приватните компании добиваат право да одбиваат да ги услужат лицата чиј животен стил не е во склад со нивните религиозни убедувања, пренесува АП.

Критичарите и ЛГБТ активистите го нарекоа законот „убедливо нај анти-ЛГБТ легислатива“ во САД.

Според новиот закон, жителите на државата Мисисипи можат да одбијат да услужат лица кои ги „навредуваат нивните уверувања дека бракот може да се случи исклучиво меѓу маж и жена, секс смеат да имаат само хетеросексуални брачни парови, а мажите и жените смеат да се идентификуваат само според својот биолошки пол“.

Во изјава објавена на Твитер, Брајант напишал дека „легислативата е смислена да спречи мешање на владата во животите на луѓето од кои извира сета моќ на државата“.

Гувернерот на Џорџија неодамна стави вето на сличен анти-ЛГБТ закон предложен во неговата федерална единица, откако големи компании се заканија дека ќе се преместат на друго место. Северна Каролина се соочува со тужба и бојкотирања од страна на компании, за сличен контроверзен закон кој ги присилува трансполовите лица да користат тоалет според полот зпаишан во нивниот извод.

Извор: Vice