Мирно лето со Кинотека под отворено небо

Од 30 јули па се до 12 август, Кинотеката на С. Македонија ќе одржува проекции под отворено небо, во самиот двор на институцијата.

Оттаму велат дека и од секое лошо може да испадне некое добро.

„Минатата година Кинотеката го организираше просторот во нејзиниот двор и за прв пат прикажа филм под отворено небо. Годинава,  во склад со здравствените протоколи во борбата со пандемијата на Ковид-19, Кинотеката веќе го одомаќини летното кино кај филмофилите“, известуваат од Кинотеката.

По циклусот филмови со Чарли Чаплин, кои воедно ја сезоната на киното под отворено небо, крајот на јули и добар дел од август се резервирани за наслови кои ги заинтригираа филмофилите со своите премиери.

Посетителите ќе имаат можност да ги проследат проекциите на филмовите „Убиството на светиот елен“ од авангардниот и современ режисер Јоргос Лантимос, „Студена војна“ од Павел Павликовски, потоа „Паразит“, филмот на Бонг Џун Хо кој освои четири од шест оскаровски номинации, првата македонска филмска комедија „Мирно Лето“, документарецот „Каде припаѓаме“ и филмот „Тие“ на италијанскиот режисер Паоло Сорентино. Последните два дена од филмската програма се резервирани за музичките документарци посветени на „Битлси“ и Павароти.