Мирна новогодишна прослава низ Македонија – 11 малолетници завршиле на токсикологија поради алкохол

Дваесетина алкохолни труења, исто толку нарушувања на јавниот ред и мир е епилогот од синоќешниот дочек на Новата година во земјава. Во Скопје беа организирани две прослави, една на плоштадот „Македонија“ една кај хотелот Јадран. Прослави се организираа и на плоштадите во повеќе градови низ Македонија.

Мирна новогодишна прослава низ Македонија - 11 малолетници завршиле на токсикологија поради алкохол

23 лица со акутно труења од алкохол во текот на ноќта побарале помош на  биле регистрирани Универзитетската клиника за токсикологија. Како што информираше директорот на Клиниката, Антон Чибишев 15 од пациентите се мажи, а осум жени. Сепак речиси половината од нив,  односно11 пациенти биле помали од 18 години.

„Сите пациенти кои дошле и побарале помош во нашата установа се успешно истретирани, дадена им е соодветна терапија и вратени се на домашно лекување“, изјави Чибишев кој појасни дека оваа е помала бројка во споредба со изминатите години, а нема хоспитализирани пациенти.

Од Министерството за внатрешни работи пак информираат дека прославата минала во мирна и празнична атмосфера без посериозни проблеми.  На територијата на земјава биле евидентирани 20 – тина нарушувања на јавниот ред и мир, имало повеќе обиди за кражби и полесни сообраќајни несреќи.

„На територијата на Скопје се регистрирани четири нарушувања на јавниот ред и мир и неколку сообраќајни несреќи, кои за среќа се без сериозни последици“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во еден од поголемите инциденти во Кисела Вода нападнато било возило на Брзата помош, пришто едно лице се здобило со тешки телесни повреди.

Од петарди со повреди на лицето и на окото се здобило момче од Чаир, родено 1992 година. Петмина биле повредени во тепачки, од кои тројца во главата, а еден со нож на екстремитетите кои се задржани во болница.