Министерството за здравство тврди дека има доволно инсулин во аптеките

Откако утрово Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) реагираше дека има недостиг на инсулин и на терапија Ozeмpik i Rybelsus, од Министерството за здравство смируваат дека има количини терапија во инсулинските аптеки.

„Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки“, велат од Министерството.

За инсулинот „Ryzodeg“, оттаму информираат дека од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек.

„Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика“, соопштува Министерството за здравство.

Утрово од Сојузот упатија апел Министерството навремено да информира за терапијата во тековниот период.

СЗДМ: Повторно има недостиг на инсулин, Министерството за здравство навремено да информира за терапијата во тековниот период