Министерството за образование објави дополнет Конкурс за стипендии за редовни студенти на додипломски студии од прв циклус

Министерството за образование и наука објави дополнување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2018/2019 година.

Со дополнетиот Конкурс се доделуваат уште 304 стипендии, кои се поделени во три групи и тоа:

а) Прва група (3.300 денари месечно):

– 250 стипендии за студенти од социјални категории;

б) Втора група (6.050 денари месечно):

– 17 стипендии (15 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 2 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;

в) Трета група (18.000 денари месечно):

– стипендии (25 стипендии за студенти, припадници на македонскиот народ, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по физика и математика и тоа:
• 11 стипендии на студиите по физика,
• 14 стипендии на студиите по математика

– стипендии (12 стипендии за студенти од припадници на заедниците кои не претставуваат мнозинство во Република Македонија запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
• 8 стипендии на студиите по физика,
• 4 стипендии на студиите по математика.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 01.04.2019 година заклучно со 07.04.2019 година.

Условите за добивање стипендија, како и повеќе информации за начинот на аплицирање можете да најдете на следниот ЛИНК.