Министeрство за здравство за АстраЗенека: Внимателно, требаат до три недели за имунитет по вакцинација

Министерството за здравство ги информираше сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека, дека мора да внимаваат затоа што потребни се до три недели да се создаде имунитет.

„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, информираат оттаму.

Додаваат дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa.

Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

Повеќе информации за вакцините може да с енајдат на официјалниот вебсајт kovid19vakcinacija.mk.