Минијатурни улични интервенции кои укажуваат на отуѓеноста во градовите

Скриени меѓу плевелот кој расте во пукнатините на тротоарите или во малите купишта ѓубре, уличниот уметник Slinkachu создава специфични улични интервенции на минијатурни луѓе кои живеат „ под нозете на минувачите“. Иако минијатурни, секоја од инсталациите е внимателно разработена и документирана со фотографија од авторот. Додека на прв поглед се забележува хумористичната природа на делата, сепак ова е начин на уметникот да допре многу пошироки идеи за животната средина, глобализацијата, како и културата на изолација во големите градови.