Мини-модел на „Стоунхенџ“ открива што слушале посетителите на споменикот пред 4.000 години

Истражувачи од Универзитетот во Салфорд изградија модел на „Стоунхенџ“ за да се обидат да разберат што слушале посетителите на споменикот пред 4.000 години.

Академиците од универзитетот го создале античкиот круг за да откријат како се пренесувал звукот во 2.200 п.н.е.  низ сите 157 камења.

Професорот Тревор Кокс, вели дека моделот дава увид во тоа „што нашите предци би слушнале во камените кругови“.

„Сега знаеме дека гласот што е во таквиот простор се појачува“, додава Кокс.

Академиците за да го создадат обликот и позицијата на камењата во една акустична комора се служеле со ласерски скенирања и архитектонски истражувања.

„Изненадувачки, со оглед на тоа дека споменикот нема ‘покрив’, и има многу простор помеѓу камењата, акустиката е повеќе како во затворена просторија, а не како да си на отворен простор“, вели професорот Кокс, кој е предводник на проектот. Не знаеме како ‘Стоунхенџ’ се користел, но што и да се случувало наоколу или внатре во него, би вклучувало звук, па така да разбирањето на акустиката е витален дел од разбирањето на ‘Стоунхенџ’“, вели професорот.