„Минден Вернакулар“ – промоција на книга и поезија во МКЦ

Утревечер (19 мај), со почеток од 20 часот во главниот хол на Младинскиот културен центар во Скопје, група креативци ќе одржат мултимедијален настан насловен како „Минден Вернакул“ на кој ќе се промовира книга и поезија.

Според организаторите, идејата започна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот.

„На страниците од книгата, идеите се претставени преку писмото на поезијата. Во прилог на оваа збирка се наоѓа CD со експерименталниот дијалог помеѓу музиката и лириката, во кој група песни ја доживуваат својата музичката инкарнација. Овој проект, именуван „Дипеив ми”, е отсликување на врската помеѓу двата горенаведени медиуми како дел од генералната замисла. Останатите дијалози се изведени во живо, на настанот по повод објавувањето на збирката, или се веќе на некаков начин дел од материјалната верзија на книгава, како на пример дизајнот, илустрацијата и фотографијата“, се вели во соопштението за настанот.