МИМ: Онлајн дискусија на тема „Наставниците клучни за подигање на свеста за медиумската писменост”

Македонскиот институт за медиуми на 2 ноември со почеток во 14 часот ќе одржи онлајн дискусија на тема „Наставниците клучни за подигање на свеста за медиумската писменост”.

На дебатата ќе учествуваат Љупка Боцевска, професоркa по мајчин јазик во СУГС Гимназија „Орце Николов“ која ќе зборува за влијанието на социјалните медиуми врз младите, а и Стефан Јањиќ, комуниколог од Новосадска новинарска школа, Србија, автор на „Прирачник за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост“. Излагање на дебатата ќе има и професорката по мајчин јазик од Гимназијата „Никола Карев“, Снежана Станкова,  која ќе зборува за тоа како може да се искористат новите технологии за стекнување знаења и за предавање на наставни содржини.

За тоа дека учениците можат да учат за медиумската писменост и онлајн етиката преку создавање на краток филм, блог, стрип, ќе зборува наставничката по информатика во неготинското училиште „Страшо Пинџур“, Георгина Димова.

Панел дебатата ќе се одржи на онлајн платформата „Зум“, а сите заинтересирани може да се пријават тука.