Милошоски: Можно е повлекување на предлог- законот за медиуми

Во синоќешната емисија „24 Анализа“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски навести можност предлог-законот за медиуми, за кој имаше многу забелешки и од стручната и експертска јавност и од опозицијата да биде повлечен, објави 24 вести.

„Владејачкото мнозинство нема намера да ја изигра Европската Комисија и на сила да ги донесе законите од медиумската сфера“, истакнал пратеникот Милошоски.

Состојбите во медиумите се една од областите за кои во последниот Извештај на Европската комисија има најмногу критики, а за предлог-законот за медиуми се вели дека може да биде пречка за слободата на изразување.