„Millko“ го промовираат новиот албум

„Millko“ го промовираат новиот албумМакедонскиот бенд „Милко“ („Millko“) го промовира својот нов албум со назив „Луѓе“. Бендот е уникатна појава на македонската независна музичка сцена. Прекрасна, емотивна и над се музикална појава на нашето инди-небо. Нивните песни звучат како која било од од најквалитетните македонски и светски авторски рок авантури од 50′ 60′ 70′ 80′ 90′ и било кои години по тоа.

Нивните концерти се вистинско уживање за љубителите на добрата свирка и квалитетно поминато време во клуб. Веќе во четврток 24.01, MILLKO концертно ќе го промовираат новиот албум во живо во МКЦ, поточно во фоајето на Кино Фросина.  Нивното ново издание, албумот „Луѓе“ може бесплатно да се спушти на сајтот на ПМГ Рекордингс.