Сашо Митревски и Стефан Терпини алијас „Милко“ извадија нова песна, снимена во студиото „Алшар“ во март/април оваа 2025 година.
Темата „Страв“ повторно е објавена од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), преку чиј Бендкемп може да се преслуша и поддржи.
‘Милко“ се враќаат со синглот број 3 за ‘Шарла’. Сериозно се појачани со Михаил Парушев на тапани и Огнен Мангаровски на сајзер, а како втор глас се појавува и нашата драга музичка друшка – Хана Корнети. Не може подобро. Мала Шарла екстраваганѕа во ушите на оваа збунета пролет. Нека запее“, соопштија од „Шарла“.
Освен споменатите, Ивица Јанкуловски е задолжен и за продукција, аранжман, сајзери, додека Давид Ангелевски за дизајн на омотот.