Глобална анализа на питката вода од чешма, покажува дека милијарди луѓе пијат вода во која има партикули на пластика. Околу 83 проценти од примероците на комунална вода тестирана за истражувањето содржеле пластика.
Ризиците по здравјето кои ги носи пластиката во водата се сè уште непознати, иако истражувањето спроведено од Орб Медиа повикува на итна истрага за негативностите кои може да ги претрпат луѓето од развиените до најсиромашните земји, кои пијат пластика.
Од САД до Индонезија, тимот анализирал повеќе 150 различни примероци на вода земени од 14 различни земји на пет континенти, и дознале дека поголемиот дел биле загадени со пластични микрофибри. Истражувањето ја покажува огромната сеприсутност на пластиката во модерниот свет и колку малку се знае за нејзиното влијание не само на околината, туку и на здравјето на живиот свет.
2017_Microplastics_HowDangerous_ENG_Orb from Orb on Vimeo.
Од сите испитувани земји, најзагадена е водата во САД, со 94 проценти од тестираните примероци со пластични партикули. Тука е вклучена и водата од чешмите на Конгресот, генерал штабот на Депарманот за заштита на околината, па дури и рамп кулата. Во Европа се загадени 72 посто од примероците, во Еквадор 75 проценти, а Индија има 82.
Пластиката доаѓа од различни извори, меѓу кои најголем фактор е перењето на синтетички материјали за облека, како и струготините од автомобилски гуми, прашина од боја и микрочестички за козметички пилинг кој го има во лосионите за капење и сапуните.
Еден од најзначајните аспекти на ова ново истражување е што има повеќе начини на кои овие минијатурни честички на пластика влегуваат во човечкото тело. Иако одамна се покажа дека рибите и морските птици консумираат микропластика од морето, не секој зависи од рибата за храна. Но, секој треба да пие вода, а овие пластични фибри пронајдени во водата од чешма насекаде на планетата, од Њујорк до Кампала.
„Научниците велат дека не се сосема сигурни како овие микропластики достигнуваат до нашите чешми или какви се ризиците по нашето здравје“, објаснува Моли Бингам, основачка и извршна директорка на Орб Медиа. „Но, микропластиките се покажа дека апсорбираат токсични хемикалии од морската околина, а потоа ги ослободуваат кога ги јадат рибите и цицачите. Загрижена сум за импликацијата на истражувањето“.
Тимот сега повикува на подетално истражување за да се дознае како овие фибри може да влијаат на човековото здравје, како и начините на кои ќе се ограничи протокот на пластиката во океаните и питката вода.