Милениумците гледаат видеа на Јутјуб повеќе од било кое телевизиско шоу

Ново истражување покажува дека повеќе луѓе гледаат содржина на Јутјуб на мобилен, отколку било која телевизија.

Анкетата спроведена од три анкетни агенции, а објавена на Mashable, покажува дека платформата продолжила да расте и покрај сé побројната конкуренција на пазарот на онлајн видеа.

Анкетата ја спровеле Ipsos, comScore и Nielsen, а според нив, Јутјуб има гледачи на возраст од 18-49 години повеќе од било која телевизиска мрежа.

Освен тоа, младите милениумци гледаат доста од дигиталните видеа на телевизор, поврзан со паметен телефон. Повеќе од половина од демографската група од 18-49 години кои учествувале во анкетата рекле дека гледале видеа на платформата во сопственост на Гугл на своите телевизори.

Огромни 90 проценти од истата демографска група рекле дека користат паметен телефон, таблет или компјутер додека гледаат телевизија.