Мигрантите се „влечат во смрт“ бидејќи ФБ не ги затвора страниците за трговија со луѓе

Еден од највисоките полициски началници на Велика Британија вели дека мигрантите се „влечат во смрт”, бидејќи Фејсбук не успева да ги затвори страниците на трговијата со луѓе.

Том Доудл, заменик-директор на Националната агенција за криминал, впери прст кон Фејсбук откако посочи дека открил повеќе од 800 страници што ги воделе организирани банди, а кои ги пренесуваат илегалните имигранти низ цела Европа на бродови кои не се способни да го поминат океанот.

Тоа останува голем проблем во Европа, при што ОН минатата недела откри дека повеќе од 1.500 бегалци и мигранти ги загубија своите животи, обидувајќи се да го преминат Медитеранот само во 2018 година. Во интервју за „The Evening Standard“, Доудл рече: „Од декември 2016 година идентификувавме повеќе од 800 страници на Фејсбук, кои сметаме дека се поврзани со организиран имиграциски криминал, што во голема мера нудат пловидба, документи, транспортни услуги. Ова е доволно за да сфатиме дека вака го поддржуваат криминалот“.

Тој додаде:„Тие се носат во смрт со користење на апликацијата која ја користат секој ден од неделата“.

Доудл рече дека тоа е проблем на кој треба да го среди Фејсбук, но додава дека нема одговор од компанијата во Силиконската долина.

Тој објаснува дека Фејсбук има развиено фантастична способност за да може да ги идентификува моделите на однесување за секој корисник.

„Ова не е поинаку: ќе има модели кои се развиваат овде, за кои знаеме дека Фејсбук и останатите многу брзо да реагираа. Потребна ни е нивната соработка за да можеме да ги идентификуваме и да ги затвориме овие страници или да ги истражуваме.“

Портпаролката на Фејсбук изјави: „Шверцот на луѓе е нелегален и сите мислења, страници или групи кои ја координираат оваа активност не се дозволени на Фејсбук“.

„Ние тесно соработуваме со агенциите за спроведување на законот ширум светот, вклучувајќи го и Европол за идентификување, отстранување и пријавување на оваа нелегална активност, и секогаш ги подобруваме методите што ги користиме за да ги идентификуваме содржините што ги кршат нашите политики, вклучувајќи го и удвојувањето на нашиот тим за безбедност и безбедност на 20.000 луѓе и инвестирањето во технологија.“