Мицко Дамњановски е новиот уметнички раководител на Операта

Националната опера и балет го назначи Мицко Дамњановски за нов уметнички раководител на Операта. Тој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска која беше уметнички раководител од септември 2017 до 2021.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 година  на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист  во Нишкиот Симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски Симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.