Метаморфозис со детски работилници на фестивалот „Џифони Македонија“

Метаморфозис со детски работилници на фестивалот „Џифони Македонија“Од 19 до 22 октомври фондацијата Метаморфозис ќе се дружи со децата на свои работилници за време на Меѓународниот филмски фестивал „Џифони Македонија“ во Скопје.

На 19, 20 и 21 октомври во 14 часот во Кинотека, ќе се одржат работилници за реупотреба на електронски отпад, додека на 21 и 22 октомври со почеток во 11. 30 на истата локација, ќе се одржат едукативно ликовни работилници, за време на кои децата со цртежи ќе илустрираат интересни едукативни факти.

Овие цртежи ќе бидат дигитализирани и достапни на веб-локацијата www.oer.mk како едукативни помагала.

Ликовните работилници се дел од напорите на фондацијата за популаризирање на концептот за отворени образовни ресурси. Имено, во 2012 година Метаморфозис почна со реализација на проектот Отворени образовни ресурси, чија цел е подигнување на свеста и капацитетот за создавање и користење на отворени образовни ресурси (ООР) во Република Македонија.

ООР се многу важни со цел образовните материјали да бидат лесно достапни, како за учениците, така и за наставниците, а знаењето да биде на дофат за секој кој има потреба од него.

Во рамки на фестивалот ќе учествуваат повеќе од 400 деца од Македонија и земјите во регионот, односно Италија, Романија, Србија, Грција и Албанија.