METAFIZIQ LABEL NIGHT во Капан ан

Во рамките на Beats bazaar вечерите во Капан ан, Креативното Динамо Скопје Вавилон ве кани на METAFIZIQ LABEL NIGHT, вознемирувачко и неудобно патување низ светот на мрачниот drum n bass, во ревизија на дискографската куќа од Софија, Бугарија – Мetafiziq RECORDINGS.

Во сабота на 9 ноември во Капан ан ќе се одржи светска премиера на комплетната постава на резидентните артисти на Мetafiziq!

FRACTAL, RUŽI, DIGITAL SOUL, MAD TWIST и главниот хончо лично OGONEK

За прв пат во историјата на Metafiziq настапуваат сите заедно во една вечер, пет артисти, еден лејбл. Не пропуштајте.