МЕСО: Отказот на професорот Савески е незаконски

Професорот Здравко Савески доби незаконски отказ на Универзитетот ФОН, тврди Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), повикувајќи се на член 200 од Законот за работни односи, кој експлицитно забранува на синдикалниот преставник да му се даде отказ. Синдикатот денеска на прес- конференција најостро го осуди давањето отказ на професорот Савески.

МЕСО: Отказот на професорот Савески е незаконски

– Поради големиот број заостанати плати и хонорари, на 29 април 2014 година, Синдикалната организација на МЕСО при ФОН Универзитет отпочна штрајк, кој се одвива согласно сите законски одредби. На првиот работен ден од крајот на колективниот одмор, во обид да го сузбие продолжувањето на штрајкот, на синдикалниот претставник на МЕСО при ФОН Универзитетот, пред сите вработени, му е соопштено дека му се дава отказ, што е спротивно на член 200 од Законот за работните односи, кој експлицитно забранува на синдикалниот претставник да му се даде отказ – се наведува во соопштението на МЕСО до медиумите.

Савески вчера јавно ги обвини првите луѓе на универзитетот дека му дале отказ откако го организирал штрајкот на ФОН поради неисплатени плати од почетокот на годинава.

ФОН во соопштение до медиумите испратено денеска демантираше дека на Савески воопшто му е даден отказ.