Мешани полициско-родителски патроли утре ќе контролираат во Охрид

Мешани полициско-родителски патроли, утревечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид. Освен родители, кои доброволно се пријавиле за учество во проектот, во патролата заедно со полицајците утре ќе бидат и претставници на локалната самоуправа, претседатели на урбани заедници, претставници од основните и средните школи, од училишните одбори, од советот на родители од образовните институции, јавува Охридњуз.

„Тоа е можност родителите да видат каде младите се забавуваат, какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се угостителските места кои најчесто се посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиенот во локалот, што е карактеристочно за тој локал, кои се проблемите со кои и локалите и младите се соочуваат“, смета портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.