По повод 12-ти август- Меѓународниот ден на младите, денеска во ЕУ Инфо Центарот се одржа трибина на тема, „Менталното здравје на младите е важно“.
Националниот младински совет на Македонија беше организатор на оваа панел дискусија, а настанот го отвори Чарлс Герет – амбасадор на Кралството Британија во Република Македонија, а за важноста на оваа тема зборуваа: Деспина Ангеловска Стојановска – психотерапевт, Кристијан Бундовски – ЕМСА Македонија и Нина Цекиќ– Црвен крст на Република Македонија.
– Менталната хигиена прави превенција за нарушување на ментално здравје односно како примарна превенција како да ја одржиме состојбата на ментално здравје, потоа секундарна превенција, што доколку препознаеме некои симтоми на ментална болест, како рано да реагираме, и да спречиме видно нарушување на други животни аспекти, и терцијалната первенција од аспект на темелната хигиена, доколку се појави некое ментално заболување, по неговото излекување како повторно да воспоставиме нова стаза со животот, истакна Деспина Ангеловска Стојановска – психотерапевт.
Целта на дискусијата беше стигмата која што ги обесхрабрува младите луѓе да ја побараат помошта и подршката која што им е потребна. Етикетирањето на овие млади луѓе е всушност она што ги демотивира младите да побараат помош.
– Еден од поуспешните проекти на Црвен крст е дека ние носиме младинци од 12 го 17 години со различни проблеми со кои се соочуваат на летни кампови, годишни одмори, каде што не разговараме толку многу за нивните проблеми туку разговараме како тие истите да ги решат, а притоа да ги доведеме во ситуација да знаат дека и такви имаат некој позитивен потенцијал во себе, и дека треба да го извадат кавлитетот, и истиот да го пружат на заедницата, рече Нина Цекиќ од Црвениот крст на Република Македонија.
Меѓународниот ден на младите се одбележува секој 12-ти август, а се одбележува од 1999-тата година. Минатата година темата на панел дискусијата беше „Вклучување на младите во сите општествени процеси“ како и промоција на публикацијата „Чекори до националното младинско организирање.
Моника Кочовска