МЕЛЕЕМ бара волонтери

Поради зголемениот број активности, здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ Скопје бара нови волонтери.

мелеем

Како што се наведува во повикот од здружението, за волонтери може да аплицираат сите заинтересирани креативци и трагачи по џебовите на градот кои сакаат да им се придружат во потенцирањето на квалитетите на градските простори и да придонесат за развојот на урбаната култура.

Во моментов тимот на МЕЛЕЕМ Скопје работи на еден нов голем проект, како и на неколку помали проекти кои нудат нови искуства во стари и нови простори од градот.

Сите заинтересирани на кои им се допаѓа идејата и работата на МЕЛЕЕМ, може да аплицираат за волонтер со пополнување на приложената АПЛИКАЦИЈА.