Мелбурн и Виена се најдобри градови за живеење

Австралискиот град Мелбурн четврти пат по ред е избран за град кој има најдобри услови за живот. Според последниот индекс на Economist Intelligence Unit, Мелбурн го зазема првото место во конкуренција од 140 светски метрополи. Резултатите од ова истражување се собрани врз основа на анкета за квалитетот на животот во испитуваните градови. Веднаш по него, на врвот на листата се најдоа Виена во Австрија и Ванкувер во Канада.

МелбурнМелбурн и Виена и лани беа на врвот на листата со најдобрите градови за живење во нив. На четвртото место според последното рангирање се најде Торонто, потоа Аделаида во Австралија, канадскиот град Калгари, Хелсинки, Перт и Окланд во Нов Зеланд.

Од друга страна пак, на дното на листата како град со најлоши услови за живот е сместен Дамаск во Сирија. Малку пред него се најдоа Дака во Бангладеш, Порт Морсби во Папуа Нова Гвинеа, Лагос во Нигерија и Карачи во Пакистан.

Во студијата која се работи два пати годишно, градовите се оценуваат според факторите за стабилност, здравствена заштита, животна околина, инфраструктурна, образовна и културна понуда.