Мексиканските новинари протестираат поради убиството на колега кој ги истражувал картелите

Новинарите во Мексико излегоа на улица поради убиството на еден од нивните голеги, Хавиер Валдез, повикувајќи ја владата да преземе чекори.

Валдез, наградуван новинар од Синалоа, беше застрелан во понеделникот во близина на канцелариите на весникот кој го основал.

Валдез ја посветил својата кариера на истражување на картелите за дрога кои постојано му се заканувале. Тој е еден од неколкуте новинари кои беа убиени во Мексико од почетокот на годинава.

Во Мексико Сити во вторникот, протестантите шетале со транспаренти на кои пишува „Нè убиваат“ и „Не за тишината“ – фраза која ја користел самиот Валдез. Протестот се одржал до иконичниот Споменик на независноста на главниот плоштад, Пасео де ла Реформа.

Џудит Калдерон Гомез, претседателка на лоби групата на новинарите Каса де лос Деречос де Периодистас (Куќа на правата на новинарите), изјавила дека пресуда имало смао за 0.03% од случаите на убиените новинари.

Ја повикала владата да „даде реален знак дека се заинтересирани да загарантираат новинарство во државата“.

Хуан Полиер од службата на ББЦ на шпански јазик, кој го познавал Валдез, вели дека бил „шармантен, храбар и почитуван човек“ и дека неговата смрт е „ужасна загуба за борбеното новинарство на Мексико“.

„Сакаше да ги раскаже приказните и соништата на жртвите“, вели то, „а во држава каде неказнивоста е норма, единственото нешто што е сигурно е дека ваквите случаи нема да завршат“.