Мексиканскиот претседател направил плагијат на дипломскиот труд

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието направил плагијат на дипломскиот труд, јавуваат локалните медиуми.

„Aristegui Noticias“ во неделата објави онлајн истражување, врз основа на анализи за тезата на претседателот, од група на академци.

Според медиумот, 29 отсто од тезата била составена од материјали од други дела, вклучувајќи 20 параграфи копирани од збор до збор, од книга напишана од поранешниот претседател Мигуел де ла Мадрид, без да го цитира, или да го спомене во библиографијата.

Портпаролот на Нието, подоцна одговори дека претседателот ги исполнил сите барања за неговата диплома по право и дека го минимизирал значењето на „грешки во стилот“ во академски труд изработен пред 25 години.

Нието го избегнал ова прашање на вчерашното одбележување на првиот училишен ден во основното училиште во Толука.

Тезата насловена „Мексиканското претседателство и Алваро Обрегон“, била поднесена во 1991 година на Универзитетот Панамерикан.

Веб-страницата која го објави истражувањето е предводена од новинарот Кармен Аристегуи, кој претходно известуваше за сопругата на претседателот дека купува куќа со државни пари.

Но, ова не е прв случај во светот кога претседател копира делови од својот дипломски труд и го прикажува како свој. Во 2006 година, професор на Институтот Брукинг откри дека рускиот претседател Владимир Путин копирал неколку страници материјал, од книга напишана од два американски професори.

Во 2012 година, унгарскиот претседател Пал Шмит, поднесе оставка по скандалот со плагијат на неговата докторска дисертација.

Минатиот месец, потенцијалната прва дама Меланија Трамп одржа говор на Републиканската национална конвенција, каде искористи фрази скоро идентични со тие во претходен говор на актуелната прва дама Мишел Обама.