МекАртур: Повеќе пластика отколку риба во морињата до 2050-та

Како морепловец кој урива рекорди, Елен Мекартур видела повеќе од светските мориња од било кој друг. Таа предупредува дека до 2050-та година во морињата ќе има повеќе пластика отколку риба, доколку индустријата не започна да се однесува поодговорно, пренесува Гардијан.

Според новиот извештај на Фондацијата Елен МекАртур објавен на Светскиот економски форум, новата пластика ќе конзумира 20% од целата продукција на нафта во следните 35 години, во споредба со сегашните 5%.

МекАртур: Повеќе пластика отколку риба во морињата до 2050-та

Продукцијата на пластика е зголемена за дваесет пати од 1964 година, а се очекува да се дуплира во следните 20 години и потоа да се зголеми за 4 пати до 2050-та.

И покрај растечката побарувачка, само 5% од пластиката се рециклира ефективно, 40% оди во депонии, додека третина завршува во фрагилните еко-системи како светските океани.

Голем дел од остатоците се горат генерирајќи енергија, но тоа предизвикува повеќе фосилни горива да се консумираат со цел да направат нови пластични кеси, чаши, кади и потрошувачи уреди барани од страна на економијата.

Децениите на производство на пластика веќе предизвикаа проблеми во животната средина.

Во извештајот се вели дека секоја година најмалку 8 милиони тони пластика протекуваат во океанот – што е еквивалентно на фрлање на содржината на еден камион за отпад во океанот секоја минута. Ако не се преземат мерки, оваа количина се очекува да се зголеми на два камиони во минута до 2030 година и четири во минута до 2050 година.

Немарно фрлена пластична кеса може да се раствори во морето, особено во потоплите води, и во процесот се ослободуваат токсични хемикалии кои можат да бидат проголтани од рибите и завршуваат во синџирот на исхрана на човекот.

Мекартур, која го собори рекордот за најбрзо морепловско заобиколување на светот во 2005 година, вели дека е потребна темелна реформа. Нејзината визија е за „нова пластична економија”, во која индустрија, владите и граѓаните работат заедно за да се осигура дека никогаш пластика нема да стане отпад и да се намали нејзиното истекување во природните системи.

„Линеарните модели на производство и потрошувачка се повеќе се оспорени од страна на контекстот во кои тие функционираат, и ова е особено точно за висок волумен и ниската вредност на материјалите како пластиката за пакување,” вели таа.

Извор: Гардијан