Меѓународна награда за далечинска настава за доцент Румена Бужаровска

Румена Бужаровска, доцент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје е добитник на престижната награда Gold Award for Excellence in Distance Learning Teaching) на Американската асоцијација за далечинско учење (United States Distance Learning Association – USDLA).

Меѓународна награда за далечинска настава за доцент Румена Бужаровска

Наградата ја доби за далечинската настава по предметот Регионални идентитети на Балканот и во САД, која ја организираа заедно со Стивен Фолк, вонреден професор по историја на Отава универзитетот во Канзас, САД.

Наставата се одвиваше со студенти од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и студенти од Отава универзитетот, пренесе МИА.

Наградите се доделуваат во повеќе категории на институции и поединци за најзначајни достигнувања за онлајн, видеоконференциско, сателитско и комбиниран вид на учење и беа врачени во Сент Луис, Мисури, САД.