Меѓународен турнир во екстремни спортови во Скопје

Утре во Скопје започнува првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови кој до 4 октомври ќе се одржува на Скејт паркот на кејот на Вардар.

skejt1

Како најава за овој настан денеска на кејот на Вардар кај Камениот мост, скејтерџиите, ролерџиите и возачите наБМХ-велосипеди изведуваат дел од егзибициите. Квалификационите возења почнуваат утре (2 октомври) во 17 часот , кога ќе возат скејтерите.Во петок, ќе се одржат квалификациите за натпреварувачите на ролери (блејдери), а во сабота квалификациите на БМХ.

skejt2

Финалето во скејтбордање, ролери и бмх ќе се одржи в сабота на новиот Скејт парк на кејот на Вардар во 17 часот, кога најдобрите поделени во две групи од по 3 возачи, во 5 обиди на вешти возења ќе се борат за освојување на првите три места.

skejt5

На првиот Меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014, ќе учествуваат возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 возачи на скејт, 15 возачи на ролери и 20 возачи на бмх велосипеди.

Наградниот фонд е вкупно 1 050 евра, а во текот на одржувањето на Турнирот, ќе настапат и голем број диџеи.