Меѓународно биенале на фотографска уметност „Фотомедиа“

Околу двесте фотографии од сите континенти на светот ќе бидат претставени на 15. Mеѓународно биенале на фотографска уметност „Фотомедиа“, кое ќе биде отворено вечерva во галеријата „Чифте амам“.

Организатор на биеналето е Фото клубот „ЕЛЕМА“ од Скопје. Добитник на Гран при награда „Плакета на Град Скопје“ е Аркадиуш Браницки од Полска, а традиционално наградата се доделува по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје.

Изложбата ќе ја отвори ликовниот уметник и универзитетски професор Елизабета Аврамовска.

На годинашнава Фотомедиа селекцијата ја направија и наградите ги доделија  Боро Рудиќ,  Зоран Пургер од Србија и Јавор Попов од Бугарија. Според нив, карактеристично е што конечно запрело континуираното намалување на бројот на испратени дела.

„Фотомедиа“ е една од ретките изложби во светот која се уште ја негува исклучиво принт-фотографијата, во која доминира авторскиот пристап и по тоа е препознатлива во Светската фотографска асоцијација (FIAP).