Меѓународните студенти ќе треба да ги напуштат САД ако нивните универзитети преминат на онлајн настава

Меѓународните студенти кои студираат во САД ќе мора да ја напуштат земјата или да ризикуваат да бидат  депортирани доколку нивните универзитети се префрлат на онлајн настава, објавија од Агенцијата за имиграција и царина.

Овој потег може да влијае на илјадници странски студенти кои доаѓаат во САД за учат на универзитетите или да учествуваат во програми за обука, како и на академски или стручни студии.

Универзитетите на национално ниво почнаа да носат одлуки за изведување на наставата на Интернет, како резултат на пандемијата на коронавирусот. На пример, на Харвард, целата настава е најавено дека ќе биде достапна преку Интернет, вклучително и за студенти кои живеат на кампусот. За меѓународните студенти, тоа тоа би зналело дека ќе треба да ги напуштат САД.

„Има толку многу неизвесности. Многу е фрустрирачки“, рече Валерија Мендиола (26), студентка на Харвардс. „Ако треба да се вратам во Мексико, јас сум во можност да се вратам, но многу меѓународни студенти едноставно не можат“.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека Стејт департментот на САД нема да издава визи за студентите запишани во училиштата или на програмите што целосно се изведуваат преку Интернет за есенскиот семестар, ниту пак ќе им дозволат на овие студенти да влезат во Соединетите држави.

Агенцијата посочи дека учениците кои во моментот се запишале во САД да размислуваат за други мерки, како префрлање во училиштата каде ќе се одржува настава со физичко присуство. Исклучок има за универзитетите кои користат хибриден модел, како мешавина на часови преку Интернет и физичка настава.

Бред Фарнсворт, потпретседател на Американскиот совет за образование, рече дека објавата ги изненадила и него и многу други.

Сметаме дека ова ќе создаде уште поголема забуна и поголема неизвесност“, рече Фарнсворт, чија организација претставува околу 1.800 колеџи и универзитети. „Она што се надевавме да го видиме беше поголема благодарност за сите различни можни решенија што ги истражуваат кампусите“.

Еднаод грижите за новите насоки, рече Фарнсворт, е што ќе се случи ако јавната здравствена состојба се влоши во текот на есента, па универзитетите кои нуделе часови со присуство, ќе треба да ги префрлат сите предавања преку Интернет.

Барањата за визи за студенти отсекогаш биле строги и забрането е доаѓање во САД за да се следи настава која е достапна само онлајн.

„Овие не се некакви сега појавени универзитети, ова не се некави измами, ова се легитимни универзитети кои нормално би имале настава со присуство“, рече Тереза ​​Кардинал Браун, директор за имиграција и прекугранична политика на „Бипартизан полиси центар“

„Поголем проблем е што некои од овие земји имаат ограничувања за патувања и (студентите) не можат да си одат дома. Па, што да направат тогаш?“ додаде таа. „Тоа е загатка за многу студенти“.

Претседателот на универзитетот Харвард, Лери Баков, по најавата на Агенцијата изјави дека се длабоко загрижени за насоките кои се издадени од страна на американските служби за имиграција.

Упатството, вели Баков, „го поткопува одговорниот пристап направен во име на студентите од толку многу институции, вклучително и Харвард, да планираат продолжување на академските програми додека балансираат со здравствените и безбедносните предизвици среде глобалната пандемија“.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп направи промени во американскиот имиграциски систем, повикувајќи се на пандемијата на коронавирус, што резултираше со забрана на имигранти да доаѓаат во земјата. Минатиот месец Белата куќа издаде проглас за имиграција, драматично намалувајќи ја легалната имиграција во САД.