Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“ започнува на 16 јуни

Во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи 12-тото издание на „Баскерфест“, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти.

Локацијата е плоштад „Македонија“, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет.

Во Скопје фестивалот ќе започне на 16 јуни и ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија.

Со овој настан секоја година се отвараат портите на Скопје како за домашната, така и за меѓународната публика која ја има во се поголем број. Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите.

[Галерија] „Баскерџии“: Уличната уметност е полна со предизвици, но сме слободни и среќни