Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ по 23 пат во Струмица

Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица годинава ќе се одржува од 8 до 12 септември, а во текот на на петте фестивалски дена ќе бидат изведени 13 претстави на театри од Србија, Русија, Ерменија, Албанија, Бугарија и Македонија. Од нив 12 се играат во конкуренција за награда и една која ќе се игра во чест на наградениот актер.

На 23-тото издание на фестивалот посветен на актерот и актерската игра ќе учествуваат 64 актери и стручно меѓународно жири ќе го избере најдобриот актер, кому ќе ми припадне златниот медалјон со ликот на актерот Ристо Шишков, како и паричната награда во вредност од 1.500 евра.

Фестивалот на 8 септември ќе биде отворен со претставата„Каииновата лузна“ на Театарот од Шабац ,по што ќе се одигра „Среќен крај“ на битолскиот театар и црногорската монодрама „Надежда Петровиќ“.  Во следните три дена публиката ќе може да погледне уште 9 претстави, за фестивалот да биде затворен во сабота , на 12 септември со претставата „Кирил и Методиј -Кој си ти!?“ во режија на Мартин Кочовски.

Целата фестивалска програма може да се види ОВДЕ.