Меѓународниот ден на млади одбележан со акција

Оваа година Меѓународниот ден на млади, Националниот младински совет на Македонија го одбележа со хуманитарна акција во подрачјата на Скопје погодени од поплавите.

Оваа година, заради вонредните услови во некои од подрачјата во Скопје, Националниот младински совет на Македонија отвори повик за сите млади луѓе кои можат и сакаат да се вклучат во волонтерската акција за помош на семејствата погодени од поплавите. Како што сооштија од НМСМ, на повикот се пријавиле педесеттина млади луѓе кои заминаа во поплавените подрачја и покажаа хуманост и солидарност со семејствата на кои им е потребна помош.

Националниот младински совет на Македонија заедно со своите волонтери ќе продолжи со акциите и во периодот кој следува. Повикот останува отворен за секој хуман млад човек кој сака и може, на било кој начин да придонесе за обезбедување на подобри услови за жителите од поплавените подрачја.

Уште пред 16 години, Обединетите нации ја препозна улогата на младите во подобрувањето на состојбите со човековите права и слободи насекаде во светот. За таа цел 12 август беше прогласен за Меѓународен ден на младите кој со години наназад, преку разни активности, се одбележува и во Македонија.