Меѓународна младинска конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ во Охрид

Младинскиот сојуз – Крушево заедно со своите партнери ја најавија Меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ која ги спојува младите од регионот под ставот „Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот“.

Конференцијата ќе се одржи во периодот од 13 до 15 ноември во Охрид, а цели да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт.

На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан, односно С. Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, каде ќе се дискутира и разменат ставови со амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер.

Посетата на американската амбасадорка ќе се случи на 14 ноември, од 10 и 30 до 12 часот.