Меѓународна ликовна колонија во Музеј на Град Скопје

Во организација на Град Скопје и Музејот на град Скопје од денеска ќе биде отворена 11. Меѓународна ликовна колонија.

На неа ќе учествуваат десет академски уметници, припадници на различни генерации и творечки определби кои живеат и создаваат во различни средини од Македонија, Франција, Србија и Бугарија.

Колонијата ќе трае до 1 септември, а ќе се одржува во Музејот на град Скопје и хотел Солун.