Меѓународна групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 23-ти ноември (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов Looking At Nothing (Desire In The Future).

Меѓународната групна изложба Looking At Nothing (Desire In The Future) е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, со моќта на визуелните култури и медиуми и нивните влијанија, односно со „видеото како можност за преиспитување и критика на своето битие“ – Розалинд Краус (Rosalind Krauss).

Изложбата се состои од дела на уметници кои по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет имаат блиски или слични „склоности“ во однос на „видео сликата“.

Изложбата Looking At Nothing (Desire In The Future) ја сочинуваат дела од авторите Ана Адамовиќ (Србија), Taња Деман (Хрватска), Мирна Арсовска (Македонија), Давор Санвинценти (Хрватска), Горан Шкофиќ (Хрватска), Тихомир Топузовски (Македонија), Владимир Николиќ (Србија), Марко Марковиќ (Хрватска) и Александар Спасоски (Македонија).

Куратор на изложбата е историчарот на уметност Дејан Буѓевац.