Меѓународен славистички собир за обележување 70 години изучување на рускиот и чешкиот јазик и книжевност

Студенти и професори од Катедрата за славистика, Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици и Катедрата за македонска книжевности јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје организираат Меѓународен славистички собир. Настанот ќе се одржи на 15 и 16 јуни на факултетот.

Како дел од овој собир ќе се одржат Седмата македонско-руска научна конференција, Седмата македонско-чешка научна конференција и Десеттата македонско-полска научна конференција.

Повод се 70-годишниот јубилеј од изучувањето на рускиот и на чешкиот јазик и книжевност и  Десеттата јубилејна македонско-полска конференција.