Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар

На 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Гостивар се одржува шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“. На фестивалот ќе има поетско читање, но и соопштување на наградените.

Избраниете финалисти на конкурсот беа избрани во конкуренција на над 160 пријавени поети, информира организаторот Здружението за култура „СЛОВО 21“.

Фестивалот доделува Гран при, прва, втора и трета награда, награди за најдобар странски автор и најуспешна млада искра. Наградите се состојат од книги и плакети.

Годинашното издание е поддржано од Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура „АСНОМ“.