Меѓународен младински арт фестивал „Битола отворен град 2015“

Младинскиот културен центар – Битола, по четиринаесетти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град 2015“ кој ќе трае три дена од 25-27 јуни.

Според првичните најави, меѓу бендовите кои ќе настапат се српската група Партибрејкерс и The Government кои ќе бидат домаќини на вечерта.

Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот.