Меѓународен конкурс за карикатури, афоризми и хуморески

Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, кој го организира фестивалот „Јас Итар Пејо“, распишува Меѓународен конкурс за сатира, хумор и карикатура.

Авторите треба да пратат по 20 афоризми, пет хуморески и неограничен број карикатури. Сите трудови треба да се оригинали и досега необјавени.

Конкурсот има две категории, едната е со тема за Итар Пејо, додека втората е за оние кои сакаат да учествуваат со слободна тема.

Предвидени се по три награди за секоја категорија: 500, 300 и 200 евра за карикатура; 400, 300 и 200 за хумореска и 300, 200 и 100 за афоризам.

Прилозите треба да се праќаат на адреса: Меѓународен Славјански универзитет „Державин“, ул. Маршал Тито бр. 77, 2220 Свети Николе, Република Македонија, со напомена: За конкурсот „Јас Итар Пејо“.

Конкурсот е распишан на 14 февруари, а крајниот рок за испраќање на трудовите е 14 јуни 2017 година.