Меѓународен фестивал на фотографија во Куманово

Со изложба на минијатури од наградени фотографии на меѓународни изложби денеска во Куманово ќе биде отворен првиот фестивал на фотографија „Малински фото фестивал“.

Фестивалот е во организација на Фото клубот од Куманово, а љубителите на фотографска уметност ќе имаат можност да ги проследат и изложбите „Круг“, „Тумба“ и изложбата на фотографии на Шангај Арт Клубот, кој е еден од најактивните клубови во Азија.

Како почесни гости на фестивалот ќе присуствуваат меѓународни фотографи како Неда Речки, Озрен Божановиќ, Драгослав Мирковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Марија Јовановски и Сашо Илов.

Во рамки на фестивалот во Галеријата на град Куманово ќе биде отворена и самостојната изложба на Мирослав Предојевиќ, претседател на уметничкиот совет при Фото сојузот на Србија.