Меѓународен ден на музеите и бесплатен влез

По повод Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеите денеска влезот во музеите е бесплатен.

„Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот ден на музеите, на 18 мај (сабота) влезот за посетителите ќе биде бесплатен“, соопштија од Археолошкиот музеј кој ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

Во Музејот на Македонија ввечерва се отвора изложба на цртежи и копии-фрески на Владимир Деловски-Џиџи „Тивкиот Маестро“. Музејот на Град Скопје пак ја носи изложбата „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил. И двата музеи работат од 9 до 23 часот.